Дел од градот без вода поради дефект на главниот вод на влезот во Куманово

18.11.2024 08:08 | KumanovoNews

Поради дефект на водоводнната мрежа на главниот вод Ф/350 на ул. 11 Октомври, поточно на раскрсницата кон кон автопат Е-75, вчера дел од потрошувачите на повисоките делови на ниска зона останаа без водоснабдување. 

Дел од градот без вода поради дефект на главниот вод на влезот во Куманово

„Екипите на ЈП Водовод на терен извршија измена на стандарден режим на водоснабдување со контролиран дотур на вода од средна и висока водоводна зона, поради што водоснабдувањето се стабилизира и во највисоките делови на ниска водоводна зона. Целосно нормализирање на водоснабдувањето се очекува во текот на попладневните и вечерни часови“, соопшти ЈП „Водовод“.

(фото. архива)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk