Дел од катастар до хотел „Куманово„

25.03.2016 13:18 | KumanovoNews

Приемното одделение за катастар и недвижности Куманово, ќе се премести во нови простории, до хотелот Куманово, спроти зградата на Општината.

Дел од катастар до хотел „Куманово„

На површина околу 200 метри квадратни ќе се смести шалтерското одделение и архива, каде граѓаните ќе можат да ги поднесуваат сите барања кои се врзани со катастарското работење, освен оние што се електронски или преку нотар. Канцеларијата се отвара за да исполнат барањата на граѓаните, шалтерот да биде на приземје за да го користа постарите луѓе и лицата со инвалидитет, кои досега имаа проблем да се качуваат по скалите“ - велат од Катастар Куманово.

Приемното одделение ќе започне со работа за десетина дена,  на почетокот на следниот месец.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk