Дел од општинарите во нови простории

27.02.2016 15:55 | KumanovoNews

Дел од општинската администрација се преели во поранешната зграда на „Козјак“  спроти Градскиот стадион.

Дел од општинарите во нови простории

Новите простории кои што општината ги изнајми за своите потреби веќе ги користат Секторот за инспекциски надзор, Секторот за администрирање на приходи, стратешко планирање и локален економски развој и Одделението за јавни набавки. Ова е привремено решение се додека не се изгради новата зграда во која што  ќе бидат сместени сите 10 сектори.

Со процесот на децентрализација во 2005 година па се до ден денеска се повеќе обврски секојдневно ни се префрлуваат, а од друга страна  централната власт не ни одговараат соодветно со финансиска помош. Тоа не значи дека некој треба да донира или нешто да дедае туку со законот не ни се префрлуваат доволно финансиски средства со кои што би можеле да се извршуваат оние обврски кои се пренесени со процесот на децентрализација на општината. Па поради тоа  на локално ниво моравме да обезбедиме соодветен број на човечки ресурси,  а нормално дека тоа бара набавка и обезбедување на нови простории, технички средства и материјални средства со кои би можеле да создадеме она за што и постоиме, всушност да ја извршуваме услугата на најдобар начин кон граѓаните, - вели Валентина Алексовска, секретар на општина Куманово.

Во новите простории всушност се префрлени секторите кои што имаат најголем број на обврски и најмногу време поминуваат со странките. Секторот за даноци е сместен на првиот кат во зградата, а општинските инспектори се на вториот. Со ова, се растоваруваат постојните канцеларии и се обезбедува  поефикасно опслужување на граѓаните и побрзо решавање на проблемите.

Во просториите на сегашен катастар, поранешна стара општина остануваат Секторот за образование,Секторот за социјалана работа, Секторот за евроинтеграција, Секторот за внатрешна ревизија и Фондација за култура и спорт. Во оваа зграда каде што е градоначалникот,  останува Секторот за поддршка на градоначалникот и на Советот, Секторот- единица за финансиски прашања и Секторот за урбанизам, - додава Алексовска.

Десетте  сектори во општината ги опслужуваат 156 вработени. Освен државните службеници, општината има вработено уште 50 лица технички персонал и околу 60 вработени во Територијалната противпожарна единица Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk