Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, денеска ја предводеше делегација на МВР, која пред споме плочата во дворот на СВР Куманово, положи цвеќе и оддаде почит на загинатите припадници на македонските безбедносни сили, кои загинаа во Диво Насеље.
„Утрото на 9 мај 2015 година ние кумановци се разбудивме со звуци од бомби, пукотници и растревожени лелеци од сограѓаните. Диво насеље гореше, и за брзо се прошири веста за загинатите колеги, припадници на македонската полиција, во вооружен судир со терористичка групација. Најскапоценото, својот живот во одбрана на Македонија, го дадоа припадниците на специјалните единици на македонската полиција. Нека им е вечна слава! Никогаш да не се заборави!”, напиша Бојмацалиев.
Во делегцијата беа и директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, државната секретарка Магдалена Несторовска, претставници од единиците при Одделот за специјални полициски операции, како и раководството на СВР Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk