Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Делегација од Куманово од 5 до 10 септември ќе ја посети романската општина Кампина каде ќе разговара за европски прашања во рамки на проектот “Европа за граѓаните“.
Во состав на делегацијата ќе има стотина луѓе и тоа претставници на општинска администрација, советници, активисти од невладин сектор, играорци, бизнисмени и други кои ќе се запознаат со нивни колеги од Кампина, полскиот град Гминановоск и Резекнедистрикт од Латвија. Овие четири града заедно учествуваат во проектот “Европа за граѓаните“.
“Ќе биде запазена полова, етничка, возрасна структура на учесниците. Првиот ден ќе имаме дебата за европските политики, симулација на Европскиот парламент, ручек со традиционални јадења од Романија. Вториот ден ќе има презентација на историја на Романија, Полска, Латвија и Македонија. Тоа ќе го реализираат учесниците. Има предвидено традиционални јадења од Македонија и вечера со специјалитети и обичаи од Македонија. Ќе бидат испреплетени активностите, начин на работа на Европскиот парламент, запознавање со проекти од европски фондови“ - изјави Горан Митевски, раководител на сектор за меѓународна соработка во општина Куманово.
На настанот ќе има над 300 посетители од четирите града кои се вклучени во проектот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk