Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Делегација од грчкиот град Солун попладнево ќе пристигне во Куманово за празникот на градот, соопшти градоначалникот Зоран Дамјановски.
Тој вели дека ова доаѓање на претставници на вториот по големина грчки град, од земјата со кај Македонија има спор за името е добар сигнал.
Ваква посета на такво ниво помеѓу градови кои се втори по големина во двете држави, дава надеж дека ова што денеска ќе се отпочне ќе оди во еден процес на билатерално разбирање и решавање на две и пол деценискиот проблем. Можеби тоа е формулата, зближување на два региона, два града за во иднина зближување на двете земји и премостување на проблемите. Не можам, а да не го спомнам влијанието на Слободан Ковачевски, кој е можеби главниот виновник на нашата имплементација во Мрежата на балкански градови и оттогаш почнува соработка со град Солун и град Куманово - вели Дамјановски.
Тој се надева дека ова е добар почеток за цивилизирано решавање на проблемите во регионот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk