Делови од градот и неколку села денеска и утре без струја

06.10.2022 08:19 | Сузана Николиќ

Прекин во снабдувањето со електрична енергија денеска ќе имаат потрошувачите од неколку кумановски населби и села. 

Делови од градот и неколку села денеска и утре без струја

Според информацијата на ЕВН, поради планирани прекини од 07 до 13 часот без електрична енергија ќе останат дел од село Проевце, нас. Зелен Рид, Донков млин, Доброшане, Ел.пром, Игор 97, Здружение на возачи и Технички преглед, Зафир, Бучен Козјак, Авто Велиновски, Детоил и дел од нас. Бабин Дол.

Од 08 до 14:30 часот, струја ќе нема во селата Табановце, Сопот и Војник.

Од 08:30 до 13 часот во селото Стрновац.

Поради планирани прекини и утре /07.10.2022/ од 08 до 14 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од ул. Октомвриска Револуција, зграда околу Стакло пан, Ореов лад, ул.Иво Лола Рибар, објектите околу Зелен пазар, Мик Свети Николе, Бејтови ниви и околината на Стар сточен пазар.

Од 08 до 14:30 часот струја ќе нема во селата Четирце и Карабичане.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk