Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа, во наредните денови без електрична енергија ќе останат делови од Куманово и повеќе села во кумановскиот регион.
Утре, петок, во периодот од 8 до 12 часот, без напојување ќе бидат објектите во населбата Карпош, местото Викано Трлиште, меѓу кои „Мока пром“, ресторанот „Дион“ и „Центро бизнис“.
Во сабота, од 7:30 до 11:30 часот, прекин на електричната енергија е најавен на подрачјето на м.в. Донков Млин.
На 24 септември, од 8:30 до 15 часот, без струја ќе бидат селата Војник, Клечовце, Зубовце, Новосељане, Косматац, Мургаш, Кутлибег, Пезово, Кокошиње, Кшање, Скачковце, Колитско, Габреш, Кучкарево, Орман, Градиште и Стрезовце.
2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk