Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Јавното претпријатие „Национални шуми“, поради зголемена опасност од појава на шумски пожари на отворен простор како резултат на зголемените температури, воведува делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште со кои стопанисува, на целата територија на државата, по претходно добиена согласност од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Делумната забрана за движење во шума, посочуваат од претпријатието, почна да важи од вчера, 2 јули, во временски период од 6 до 20 часот и истата ќе трае се до проценката дека е намален ризикот од појава на шумски пожари, односно до нејзино отповикување.
Оваа делумна забрана не важи за вработените во ЈП „Национални шуми“ и субјектите кои вршат шумско културни активности на површините со кои стопанисува јавното претпријатие, како и за лица кои имаат писмено одобрение за движење во шумите. Движењето ќе биде дозволено единствено со писмена дозвола издадена од подружниците на ЈП за подрачјето со кое стопанисуваат. За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им биде изречена глоба, појаснуваат од претпријатието.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk