Демант од ЈП „Чистота и зеленило„

02.01.2015 10:23 | KumanovoNews

Од јавното претпријатије “Чистота и зеленило“ тврдат дека тие се надлежни да го чистат снегот од јавните површини во Куманово.

Демант од ЈП „Чистота и зеленило„

Од ЈП„Чистота и зеленило„ во врска со текстот објавен на Вашиот сајт, под наслов „Во Куманово тротоарите лизгалишта„ на 31.12.2014 година, демантира:

Јавното претпријатие “Чистота и зеленило“- Куманово не е задолжено да го чисти снегот и ледот од јавните површини во Куманово. Зимското одржување во градот го врши друг субјект. Ова јавно претпријатије работи по програма која е усвоена од Советот на општина Куманово за 2014 и 2015 година. Според програмата наша работа е да вршиме метење, собирање, транспортирање и депонирање на смет од јавни сообраќајни површини во текот на целата година. Во услови на паднат снег и создаден лед пристапуваме кон чистење на снег и лед се со цел да го олесниме движењето на граѓаните, како придонес од ЈП „Чистота и зеленило„. Наведуваме и тоа да од страна на директорот не е побарана изјава во врска со надлежностите за зимско одржување.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk