Ден на планетата земја

22.04.2011 11:07 | KumanovoNews

22 април е Дена на планетата земја, кога се организираат еколошки кампањи насочени кон заштита на Земјата, за чиста вода и воздух, заштита на загрозените растителни и животински видови.

Ден на планетата земја

Сите еколошпки организации постојано ја нагласуваат потребата за поголема грижа за Земјата, единствениот дом кој го имаме. Многу организации и здруженија се борат за зачувување на природата, морињата, водата за пиење, шумите и другите природни ресурси. Нивното мото е дека човекот мора да го смени своето однесување и да престане да ги уништува сите богатства и убавини на Земјата.

Денот на Планетата Земја за прв пат почна да се одбележува во 1970 година, од кога, според екологистите, се бележи огромен напредок во решавањето на еколошките проблеми. Сепак проблемите со уништувањето на природната средина на глобално ниво  не се надминати ни оддалеку. Потврда за тоа е исчезнувањето на тропските шуми, истребувањето на многу растителни и животински видови, како и континуираното испуштање на штетни гасови во атмосферата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk