Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општинското средно техничко училиште Наце Буѓони во соработка со Центарот за интеркултурен дијалог ЦИД, вчера во дворот на училиштето организираше настан насловен како "Ден за младински идеи".
Оваа иницијатива произлегува од самите ученици, кои за време на летниот распуст заедно со 20-тина свои врстници од другите училишта присуствуваа на обуки во Маврово и се стекнаа со вештини за застапување, лобирање и мапирање на локалните чинители.
Денешниот настан произлезе токму од тие обуки, а учениците имаа можност на повеќе паноа поставени пред самиот влез, како и внатре во училиштето да ги напишат своите идеи за младинско претставување, предизвици со кои се соочуваат, како и да понудат свои решенија. По завршувањето на настанот сите овие идеи ќе ги сублимираме во еден документ кој ќе биде доставен до менаџерскиот тим на училиштето. ЦИД заедно со менаџерскиот тим на училиштето како и во соработка со самите ученици ќе се обиде да излезе во пресрет на овие барања, - соопштува од ЦИД.
Со овој проект се потикнуваат младите слободно да ги изразат свoите потреби пред претставниците на институциите и сами да изнајдат начини кои методи ќе ги користат
Овој настан е дел од проектот Гласот на младите и преку него се опфатени неколку училишта од кумановскиот регион меѓу кои и техничкото училиште Наце Буѓони заедно со гимназија Гоце Делчев и по едно училиште од Липково и Старо Нагоричане. Целта на проактот е младите да се стекнат со знаења, како и на кој начин да лобираат пред институциите за потребите што нив ги тангираат.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk