Денес почнува пролетта, а викендов летно сметање на времето

20.03.2018 11:51 | KumanovoNews

 Денеска и календарски започнува пролетта, а во недела летното сметање на времето.

Денес почнува пролетта, а викендов летно сметање на времето

Денеска во 17.15 часот, во Македонија и на северната хемисфера, почнува пролетта. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента. Првиот пролетен ден во Македонија трае 12 часа и 5 минути. Пролетта ќе трае до 21 јуни во 11.07 часот кога календарски почнува летото.

Летното сметање на времето, пак, ќе почне ноќта меѓу 24 и 25 март кога стрелките од часовникот треба да се поместат еден час нанапред.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk