Денеска 33 степени во Куманово, од утре облачно и врнежливо

19.09.2017 07:19 | KumanovoNews

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала доумерена облачност, а од утре се очекува пад на температурите.

Денеска 33 степени во Куманово, од утре облачно и врнежливо

Максималните дневни температури денеска ќе достигнат во Куманово и Скопје 33, Тетово и Гостивар 32, Маврово 24, Охрид и Крушево 25, Битола и Дебар 30, Крива Паланка 30 Целзиусови степени...

Од утре временските прилики ќе се променат, облачноста ќе се зголеми, ќе има услови за локални врнежи од дожд. Утре максималната дневна температура ќе се движи од 22 до 31 степен, ќе биде облачно, дожд, грмотевици и ветровито.

Во четврток дневните температури ќе бидат уште пониски, 17 до 24 степени, ќе биде променливо облачно со слаби врнежи и силен ветер од севрозападен правец.

Од петок ќе дојде до стабилизирање на временските услови, сончевото време ќе се врати, ќе имаме умерена локална облачност со ниски утрински температути (од 4  до 11 степени) и дневни температури од 18 до 25 степени. Слично време ќе имаме и викендов.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk