Денеска два часа без струја дел од централното градско подрачје на Куманово

06.09.2023 08:38 | Сузана Николиќ

Поради планирани интервенции на електричната мрежа денеска два часа без електрична енергија ќе остане дел од градот околу паркот во Соколана, како и во центарот на градот.

Денеска два часа без струја дел од централното градско подрачје на Куманово

„Во период од 11,00 до 13,00 часот, без напојување ќе останат улиците: Биљановска, Тоде Думба, Васил Драгомански, Власто Радоњанин, Народна Револуција, Прозорска, Бајрам Шабани, техничко училиште Наце Буѓони, дел од Трета МУБ, Салтир Наумов, Ѓуро Ѓаковиќ, Боро Менков, 15-ти Мај, Илинденска, Св Кирил и Методиј, Ангел Шајче и Перо Чичо“, соопштува ЦУК.

По вчерашниот пожар во село Руѓинце во маалото Милошовци нема електрична енергија. Без напојување се и селата Долно и Горно Јанчиште, Бељаковце, Стрезовце и околината.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk