Денеска е априлилили

01.04.2019 13:55 | KumanovoNews

Најмладите денеска го прославија Денот на шегата.

Денеска е априлилили

Маскирани во оригинални маски и костими: Бетмен, принцези, пчелички, невести, војници и омилените ликови од цртаните филмови, дечињата со своите учителки и со родителите прошетаа низ Градскиот плоштад.

Убавото време беше причина повеќе да излезат во што поголем број, иако ни годинава немаше организирана манифестација по повод 1 Април.

 Општина Куманово треба сериозно да размисли да организираат маскенбал за најмалите или училишниот маскенбал „Батко Ѓорѓија“, кој го организираат во мај, да го помести на 1 Април,  кога е Светски ден на шегата и смеата, како што тоа доликува и кога го прават секаде. Во мај ја нема таа еуфорија и обично е претопло, што предизвикува негодување кај учесниците и посетителите.

 Првоаприлскиот маскенбал што се оддржува во Центарот за култура, оваа година ќе биде на 12 април. Организаторите велат дека причина е што нема затоплување во големата сала, па се чека температурите да се зголемат.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk