Денеска е Бадник

06.01.2015 09:02 | KumanovoNews

Денеска е Бадник, ден пред, еден од најголемите празници во православието, Божиќ.

Денеска е Бадник

На Бадник се очекува и прославува најубавата вест за Христовото раѓање. На овој ден, уште во раните утрински часови се слуша гласот на коледарите, кои ја соопштуваат веста за раѓањето на Исус Христос. Коледарите пеат коледарски песни, а домаќинките ги даруваат со јаболка, костени, ореви, портокали и слично.

Вечерта семејството се собира на посната бадниковата трпеза. Се подготвува тавче-гравче, риба, посна сарма, се меси лепче со паричка.

Лепчето се крши на парчиња и се разделува на членовите на семејството, едно парче за Господ и за куќата. Оној кај кого ќе се падне паричката, во текот на годината ќе има најмногу среќа.

За овој празник треба да се водиме од народната поговорка  „Кај и да си пред Божиќ зад Божиќ, дома да си“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk