Денеска е Крстовден

27.09.2010 09:25 | KumanovoNews

Големиот број верници денеска се поклонуваа на крстот, палеа свеќи за духовно спасение, земаа гранчиња босилек и се миросуваа во црквата во селото Стрезовце.

Денеска е Крстовден

 Православните верници денеска го честуваат празникот Возвишение на светиот крст во народот попознат како Крстовден. Големиот број верници денеска се поклонуваа на крстот, палеа свеќи за духовно спасение, земаа гранчиња босилек и се миросуваа во црквата во селото Стрезовце. Крстовден е востановен во спомен на чесниот крст кој ги симболизира доброволните страдања и понижувања на Спасителот за наше спасение. Според црквата поголемиот дел од животворното дрво од кој бил направен крстот, царицата Елена го оставила во Ерусалим, каде тој бил чуван и повремено изложуван за поклонување од страна на народот. Мали паричиња од Светиот крст биле разделувани на поклониците од далечните земји и тоа било сметано за најголема награда за нивниот труд. Како именден или слава празникот Крстовден го празнуваат бројни семејства во кумановско.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk