Денеска е Спасовден

09.06.2016 08:07 | KumanovoNews

Православните верници денеска го слават празникот на Христовотот вознесение- Спасовден.

Денеска е Спасовден

Овој празник се празнува 40 дена по Велигден и секогаш се паѓа во четврток. Четириесет дена по воскреснувањето, Исус Христос се јавил на своите ученици и ги подготвувал за нивната идна активност, по што заминал на небото и седнал на десната страна до Господ.

„Овој празник претставува круна на сите празници кои предходеа и постот“, - велат свештениците.

Според христијанското верување, со воскресението синот божји покажал дека е посилен од смртта.

Денеска во селото Долно Којнаре ќе биде осветена новата црква Св. Спас, а осветувањето ќе го изврши владиката кумановско-осоговски Јосиф.

Спасовден се слави како селска слава во Никуљане, Младо Нагоричане, Романовце, Пчиња и други села.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk