Денеска гласаат болните и затворениците

26.04.2014 08:01 | KumanovoNews

Во Општина Куманово дома ќе гласаат 275 болни лица.

Денеска гласаат болните и затворениците

Во Република Македонија е изборен молк, пред утешниот втор круг од претседателските избори и предвремените парламентарни избори. 

Македонците во дијаспората, болните и затворениците денеска ќе го остварат своето гласачко право.

Во Избирачкиот список за гласање на претседателските избори се запишани и 39 внатрешно раселени лица, 1.706 лица на издржување казна затвор или притвор, а дома ќе гласаат и болните и немоќните, како и лицата во домашен притвор кои се ппријавиле да гласаат.

Во Општина Куманово дома ќе гласаат 275 болни лица. Од нив 266 гласачи само за избор на претседател, а останатите 9 гласачи ќе гласаат на предвремените парламентарни избори.

Од Општинската изборна комисија во Куманово информираат дека вкупно 90 избирачки одбори ќе спроведат гласање за болни лица.

Во првиот круг од претседателските избори во Куманово имаше 215 болни за гласање дома.

На утрешниот втор круг од претседателски избори право на глас имаат 1.779.572 избирачи. За претседател ќе биде избран кандидатот кој на вториот круг од изборите ќе освои повеќе гласови под услов на гласање да излезат најмалку 40 проценти од вкупното избирачко тело.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk