Денеска и утре без струја една населба и неколку кумановски села

26.08.2021 06:30 | Сузана Николиќ

 Без електрична енергија во текот на денешниот ден и утре ќе останат дел од потрошувачите на населбата Карпош и селото Речица, а утре селата Романовце, Агино Село, Брзак и Умин Дол.  

Денеска и утре без струја една населба и неколку кумановски села

Според информацијата од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), денеска од 9 до 11 часот без струја ќе бидат ул.100, 150, 158, 159, 170, 172, 174, 175, 180, 196, во н.Карпош, (Маркет Елида и Маркет Центро Бизнис).

Најава за прекини за денеска во периодот од 8 до 14 часот има и за дел од корисниците во с.Речица во м.в. Бавчи.

За утре - петок од 08.50 до 15 часот без струја ќе останат потрошувачите во селата Романовце, Агино Село, Железничка станица Романовце и Брзак. Во периодот од 8 до 14 часот дел од корисниците во с.Умин Дол.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk