Денеска и утре без струја повеќе села во регионот

03.08.2023 09:39 | Сузана Николиќ

 Денеска и утре без струја ќе останат повеќе села во кумановско и во општина Старо Нагоричане. 
 

Денеска и утре без струја повеќе села во регионот

Според информацијата од Регионалниот центар со управување со кризи (РЦУК) денеска/ 03. август/:

Oд 9.30 до 11.30 часот без струја ќе бидат потрошувачите во селата Жегљане, Арбанашко, Буковљане, Цветишница, Пузаљка, Степанце, Драгоманце,Кокино, Осиче, Дејловце, Рамно, Малотино и Длабочица.
 
Од 9 до 12 часот дел од корисниците од с.Градиште

Од 12 до 14 часот Буковљане, Дејловце, Цветишница, Арбанашко, Длабочица, Осиче, Кокино и Рамно.

Од 07:30 до 09:30 дел од корисниците од нас.Карпош кај воените објекти.
   
И за утре /04. август/ најавени се исклучивања на повеќе локации:

Од 8.05 до 16.05 часот струја ќе немаат потрошувачите на селата Габреш, Орман, Кучкарево и Градиште.

Од 8 до 14 часот без струја ќе останат селата  Дејловце и Осиче.

Од 09.30 до 11:30 часот Осиче, Дејловце, Буковљане, Цветишница и дел од Рамно.

Од 08 до 12:00 часот дел од корисниците од ул. Димитар Влахов и Иво Лола Рибар.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk