Денеска и утре делови од градот и повеќе села без струја

22.03.2023 08:31 | Сузана Николиќ

Поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија денеска и утре без струја ќе останат потрошувачите на одредени делови на градот, приградски населби и села во кумановско. 

Денеска и утре делови од градот и повеќе села без струја

Денеска од 07:45 до 08:05 часот без струја ќе останат населените места: Бејтови ниви, нас. Иго Тричковиќ, с. Тромеѓа, м.в. Багремов цвет, с. Младо Нагоричане и  м.в. Мајорово трло.

 Од 08:45 до 14:00 часот прекин во снабдувањето ќе има на ул.Октомвриска Револуција, зградите спроти тениските игрлиште на Градскиот кеј.

Утре (23.03.2023) од 08:00 до 10 часот без струја ќе  остане населбата Ајдучка чешма .

Од 08:35 до 11:30 часот снабдувањете ќе биде прекинато во населените места: наплатна станица Романовце, с. Брзак, с. Агино Село, с. Романовце.

Од 08:00 до 09:30 часот струја ќе немаат и корисниците од ул. Пчињска.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk