Денеска и утре денови на жалост во земјава

14.02.2019 08:54 | KumanovoNews

Денеска и утре прогласени се денови на жалост поради тешката сообраќајна несреќа на патот Скопје- Тетово. Во автобуската несреќа животот го загубија 14 луѓе, а уште 6 се борат за живот.

Денеска и утре денови на жалост во земјава

Ова е тешка ноќ. Животот го изгубија 14 граѓани, седдумина од нив починале на местото на несреќата. Сочувствуваме со семејствата, - изјави премиерот Зоран Заев.

Според најавата, Oпштина Гостивар денеска ќе прогласи тридневна жалост.

Тешката сообраќајна несреќа се случи вчера попладне околу 17 часот на патот Скопје-Тетово во близина на селото Ласкарци.

Од сеуште непознати причини патнички автобус на компaнијата „Дурмо-турс“, кој превезувал патници за Гостивар, додека се движел по автопатот изгубил контрола, ги пробил заштитните огради и излетал од патот во провалија, по што се превртел и паднал на кровот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk