Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска и утре ќе се врши дератизација на територија на Општина Куманово.
Третманот на уништување на глувци ќе се врши со поствавување на мамки во отворите од шахтите на постоечката канализациона мрежа, а ќе бидат опфатени и отворите што служат за собирање на атмосферската вода.
Препаратот што ќе се користи спаѓа во група на антикоагуланти и ќе биде во облик на парафински блок.
Се предупредуваат граѓаните да не се движат во близина на поставените мамки, а во случај на нивно наоѓање на отворено, да не го допираат. Ако временските услови дозволат дератизацијата ќе трае два дена.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk