Промоција на монографиите на Гоце Божурски

19.05.2022 09:17 | KumanovoNews

Во рамките на одбелержувањето на Светскиот ден на музеите, денеска во 12 часот во Занетчискиот дом ќе бидат промовирани монографии и книги на историчарот на уметност и сликарот Гоце Божурски. 

Промоција на монографиите на Гоце Божурски

Монографиите се однесуваат за „Добри Трендафиловски Добрин“, „Исени Реџаи“, „Ѓорѓе Шијаковиќ“ и „Димитар Стојчевски“ за кои се направени и ретроспективно-монографските изложби на уметниците, како и книгите „АртМемориам“ во која се застапени дванаесет кумановски уметниции од најстарата генерација и „Наива“ во која се опфатени триесеттина автори кои припаѓаат на нашата наивна уметност.

На промоцијата ќе говорат Дита Старова Ќерими, Маја Јакимовска Тошиќ, Роберт Алаѓозовски и Никола Гелевски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk