Денеска облачно утре слаб дожд, најавува УХМР

03.11.2017 11:24 | KumanovoNews

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а утре ќе има локален дожд.

Денеска облачно утре слаб дожд, најавува УХМР

Попладне облачноста ќе се зголемува, така што текот на ноќта ќе има локален дожд, особено во западните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Максималната температура ќе се движи од 13 до 19 степени.

Утре во утринските часови се уште ќе има локален слаб дожд, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Потоа во наредните денови ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со температури во рамките на просекот. Ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе биде со умерен интензитет.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk