Денеска почнува пролетта

20.03.2010 10:53 | KumanovoNews

Денеска во 18 часот и 32 минути ќе стигне пролетта. Иако децата учат дека пролетта почнува на 21 март, оваа година таа ќе пристигне ден порано.

Денеска почнува пролетта

Првиот ден на пролетта може да биде на 20 или 21 март, а тоа се објаснува поради гравитациските поместувања на Земјата, Сонцето и Месецот, како и поради корекциите на календарот по престапните години-велат метеоролозите.

Да помине долгата и студена зима, Кумановчани едвај дочекаа. Со убавото време се врати и доброто расположение кај граѓаните. Дел од граѓаните излегоа на Градскиот плоштад, а повеќето денеска ќе го поминат во прошетка на Кејот и Споменикот. За уживање во првиот пролетен викенд ќе допринесе и топлото време со температура од дури 20 степени.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk