Денеска примопредавање на градоначалничката функција

20.10.2017 08:55 | KumanovoNews

 Новоизбраниот градоначалник на Куманово Максим Димитриевски, денеска напладне ќе ја преземе функција од предходниот градоначалник Зоран Дамјановски.

Денеска примопредавање на градоначалничката функција

Димитриевски ќе стапи на новата функција откако во 11 часот ќе го добие решенито за избор од Државната изборна комисија.

Потоа Димитриевски ќе се сретне со против кадидатите за градоначалници од другите политички партии на локалните избори, претставниците на верските заедници и директорите на јавните претпријатија.

Димитриевски e шестиот градоначалник на Куманово, од осамостојувањето на Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk