Денеска се гласа во првиот круг на претседателските избори

24.04.2024 09:48 | KumanovoNews

Граѓаните на Македонија денеска од 7 до 19 часот гласаат на седмите по ред претседателски непосредни избори.

Денеска се гласа во првиот круг на претседателските избори

За Изборите за претседател се гласа на 1.480 гласачки места во 80 општини, a вкупен број на гласачи запишани во Избирачкиот список има 1.814.317.

Во Куманово, право на глас имаат 93.364 гласачи, кои гласаат на 167 избирачки места

Седум кандидати се тркаат за претседател на државата во наредните 5 години . Изборот на претседател може да се заврши и во првиот круг со оној кандидат кој добил мнозинство гласови од вкупниот број избирачи, односно 50% плус еден.

Изборот за претседател треба да се случи во вториот круг кога се гласа за еден од двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови. Но, ако во вториот круг не е исполнет цензусот, односно не излегле најмалку 40 проценти од запишаните гласачи, изборите ќе се повторат од почеток.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk