Денеска се слави Рамазан Бајрам

05.07.2016 10:07 | KumanovoNews

Верниците од исламската вероисповед денеска го слават Бајрам, празник со кој завршува светиот месец Рамазан и се означува крајот на постот.

Денеска се слави Рамазан Бајрам

Рамазан - Бајрам се слави три дена. На првиот ден се одржува утринска молитва - Бајрам Намаз, а за време на празнувањето се разменуваат подароци и се посетуваат роднините и пријателите.

Според обичаите, утрото на Бајрам масовно се посетуваат џамиите. Се облекува најубавата облека, верниците си го честитаат празникот и се смируваат скараните. Потоа се доручкува во домашен амбиент во потесен круг на семејството, по што се посетуваат гробиштата, каде верниците се молат за душите на починатите. Дома за најблиските се подготвуваат подароци, се посетуваат постарите, роднините, комшиите... Трпезите се различни, но богати, а покрај слаткото и баклавата, специјално за празникот се подготвуваат традиционални јадења.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk