Денеска се слави Спасовден

13.05.2010 07:56 | KumanovoNews

  40 дена по Велигден и секогаш е во четврток се празнува  Христовото вознесение- Спасовден. На тој ден Исус Христос им се јавувал на своите ученици и ги подготвувал за нивната идна активност.

Денеска се слави Спасовден

Во овој период луѓето се уште се поздравуваат со "Христос воскресе" и си отпоздравуваат со "Навистина воскресе".  Во спомен на Христовото вознесение на небото Христијанска црква го востановила празникот Вознесение Христово или Спасовден кога се празнува Денот  на Спасителот на Светот- Исус Христос.

На овој ден луѓето ги посетуваат црквите што го носат името "Свети Спас". Во кумановско,  повеќе села го слават Спасовден како селска слава.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk