Денеска сончево и топло, од утре попладне локални врнежи

23.08.2019 06:32 | KumanovoNews

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, особено изразен вдолж Повардарието каде повремено ќе засилува. УВ индексот ќе биде 8.

Денеска сончево и топло, од утре попладне локални врнежи

Дневните температури ќе достигнат до: во Скопје 35 Целзиусови степени, Маврвп 29, Охрид 31, Битола 34, Кавадарци 37, Крива Паланка 32, Берово 30, Дојран 38.

Времето и утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови претежно во планинските подрачја ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Дневните температури ќе се движат од 28 до 38 степени.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk