Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска времето ќе биде сончево со умерена облачност, а од утре се очекува заладување со обилни врнежи од дожд, а на планините снег.
Попладне облачноста ќе се зголемува, а ќе дува умерен јужен ветер.
Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 18 Целзиусови степени, Крива Паланка 16, Маврово 9, Охрид 15, Битока 7, Кавадарци 20, Берово 14, Дојран 20...
Од утре под влијание на нов влажен бран, ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни (над 25л/м2). Во вчeрните часови и во текот на ноќта кон четврток поради спуштање на постуден воздух од север, на планините врнежите ќе бидат од снег, при што ќе се формира нова снежна покривка. Во четврток и петок ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, а поради разведрувањето, во петок и во деновите од викендот утринските температури на места ќе се спуштат под нула, соопштуваат од УХМР Македонија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk