Денеска врнежливо, утре студено и суво

10.12.2018 08:14 | KumanovoNews

 Врнежливо, а на повисоките места и на планините снег не очекува во текот на денот.

Денеска врнежливо, утре студено и суво

Времето денеска ќе биде претежно облачно, прво на северозападниот, а потоа и претпладне во поголемиот дел од земјата со повремени врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од снег. Ќе дува умерен северен ветер кој долж Повардарието ќе засилува.

Температурата преку денот ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

Утре и во среда ќе биде студено и суво, а нови врнежи претежно од снег ќе има во четврток кога ќе се задржи облачно и ќе започне да дува југоисточен ветер.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk