Денеска започнува ракометниот „Куп на Македонија“ во Куманово

09.05.2019 11:29 | KumanovoNews

Денеска во 17 часот со натпреварот ЖРК Вардар - ЖРК Стружанска започнува ракометниот Куп на Македонија кој се игра во Спортската сала, а организатор на настанот е тимот на ЖРК Куманово.

Денеска започнува ракометниот „Куп на Македонија“ во Куманово

Куманово слави два јубилеја - 90 години од формирање на женскиот ракометен клуб и 500 години од постоење на градот Куманово, така да оваа година ја доби таа чест да го организира завршницата од Купот.

Од 20 часот се игра и втората полуфинална двојка, дерби натпревар помеѓу Куманово и Металург, по што ќе знаеме кој ќе игра во женското финале кое е закажано за во сабота од 16 часот.

Во петок се играат натпреварите во машка конкуренција помеѓу Бутел и Металург од 17 часот, а од 20 часот Вардар ќе игра против тимот на Еурофарм Работник. Машкото финале ќе се игра во сабота од 20 часот.

Цените на влезниците за полуфиналните дуели се 60 денари и важи за двата натпревара, а во сабота билетот е 100 денари за двата натпревара.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk