Денот без автомобили кај нас никој не го ферма

22.09.2014 11:44 | KumanovoNews

22 септември се одбележува како Меѓународен ден без автомобили.

Денот без автомобили кај нас никој не го ферма

По тој повод насекаде се организираат активности, кои, како по обичај, изостанаа во Куманово. Никој не го остави автомобилот ни симболично, туку напротив, по улиците не може да се помине од службени и приватни коли.

Граѓаните сметаат дека автомобилите се најголеми загадувачи на воздухот и кога постои можност треба да се користат велосипеди.

“Без сомневање автомобилите се едни од најголемите загадувачи. За тоа придонесе и увозот на половни возила кои не задоволуваат европски стандарди. Немаме добри велосипедски патеки, немаме услови за да човек вози велосипед и се чувствува безбедно“ - велат граѓаните.

Денот без автомобили беше одбележан во Скопје, Крива Паланка и други градови во Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk