Денот на АРМ ќе се слави во касарната „Боро Менков„

15.08.2014 12:51 | KumanovoNews

Во касарната “Боро Менков“ во понеделник во 10 часот со воена свеченост единиците од гарнизон Куманово ќе го одбележат 18 август - Денот на АРМ.

Денот на АРМ ќе се слави во касарната „Боро Менков„

По повод 22 година од формирањето на Армијата на Република Македонија во рамки на прославата ќе има полагање свежо цвеќе од делегација од АРМ пред споменикот на народниот херој Боро Менков во кругот на касарната. На свеченоста ќе се прочитаат наредби за унапредувања на старешини, врачување на одликувања, награди и пофалби.

По завршување на официјалниот ќе биде изложена опремата и вооружувањето со кое располага армијата.

На прославата се поканети преставници од државна управа, јавните установи и служби, градоначалниците и преставниците на единиците на локалната самоуправа, и правни и физички лица со кои Армијата на Република Македонија има соработка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk