Денот на Европа одбележан во Куманово

08.05.2018 13:46 | KumanovoNews

Амбасадорите на Франција, Шпанија, Италија и Хрватска беа дел од прославата на Денот на Европа во Куманово.

Денот на Европа одбележан во Куманово

 Традиционално по 10 пат, Општина Куманово во соработка со Европското движење во РМ, организираше музички хепенинг, трибина и квиз натпревар.

На музичкиот хепенинг беа поставени штандови на земјите од ЕУ, каде граѓаните можеа да се запознаат со нивната убавина и традиција, а преку музички точки учениците од основните училишта ја претставија нивната култура.

Хепенингот го отвори градоначалникот Максим Димитриевски, а потоа се обрати хрватската амбасадорка Данијела Баришиќ.

„Ви благодарам на сите што сте денеска тука со нас, за да го одбележиме Денот на Европа. Во името на моите колеги од Шпанија, Италија и Франција, и од мое лично име сакам да се заблагодарам на вас и на градоначалникот за поканата да бидеме денеска со вас. Ние имаме само една порака иднината на Македонија е во Европа, вие сте добредојдени и се гледаме таму“, - рече Баришиќ.

Амбасадорите присуствуваа и на квиз натпреварот за ЕУ на учениците од средните училишта, а претпладнево гостите од дипломатскиот кор засадија дрвца во населбата „Тоде Мендол“, каде пред три години се случуваа воените дејствија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk