Денот на градот со гасификација

21.10.2010 13:14 | KumanovoNews

 До крајот на месецот ќе се постави мерно-регулационата станица од А.Д. „ГАМА„ по што ќе започне дистрибуцијата и користењето на гасот од големите потрошувачи во градот.

Денот на градот со гасификација

На 11 Ноември пред 4 години го удривме камен темелникот и ја започнавме изградбата на гасоводниот систем, а се надевам на истиот датум годинава дека ќе отпочне гасификацијата на градот. Првиот корисник на гасот ќе биде Домот на стари лица „Зафир Сајто„.Тешко е да се преклучи првиот корисник, а се останато е полесно- вели директорот Момчило Мирчевски.

Покрај Домот на стари лица приклучок чекаат и останатите општински институции, основните и средни училишта.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk