Денот на крводарителството се одбележа во Куманово

18.03.2011 11:21 | KumanovoNews

По повод Денот на крводарителствотo,  Црвениот крст Куманово вчера одржа Свечена академија,  на која на пригоден начин им се заблагодари на заслужните крводарители, поединци и институции кои помогнале во развојот и унапредување на крводарителството.

Денот на крводарителството се одбележа во Куманово

На присутните им се обрати претседателот  др.Нухи Јусуфи, а беа поделени 230 благодарници на крводарители со јубилејни  10, 20, 50 и 100 крводарувања. За најдобри организации кој дадоа посебен придинес во организирање на крводарителски акции  беа прогласени Центарот за култура, гимназија „Сами Фрешери„, ФЗЦ, ЈП „Водовод„ и Здружението „Коледари„. Куманово има над 3000 крводарители , и соберени се  2241 крвна единица во мината година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk