Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На Спомен костурницата во Куманово денеска беше одбележан Денот на независнота на Република Македонија.
Пред споменикот на паднатите борци од НОБ, цвеќе положија делегации од општината Куманово, Советот, Сојузот на борци, АРМ, МВР, политички партии, јавни претпријатија, училишта и граѓани. Пред присутните се обрати претседателот на Советот на Општина Куманово Максим Димитриевски.
„Пред 25 години македонскиот народ се одважи и во духот на илинденците и асномсците, се изјасни дека сака да има своја независна држава Република Македонија. Генерации и генерации граѓани, Македонци, Албанци, Срби, Власи, Турци и сите останати што живееа на ова парче земја македонска се залагале да создадат незавсина и самостојна држава. Ние тоа впрочем го имаме, 25 години имаме независна држава која се стреми да ги достигне највисоките цели и да биде составен дела на големо европско смејство под чадорпт на колективната безбедност. За жал сите овие години доживеавме многу опструкции од некои држави кои не сакаа да дозволат оваа наша држава да напредува на патот во својата борба за подобро утре. Ги надминавме сите предизвици, но не ја научивме основната лекција да си го почитуваме минатото, да ја сакме сегашноста и да планираме иднината, - рече во обраќањето Димитриевски.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk