Денот на општината Старо Нагоричане ќе се прослави во сабота

05.11.2018 13:45 | KumanovoNews

Општина Старо Нагоричане со повеќе активности ќе го одбележи Денот на ослободувањето - 11 Ноември.

Денот на општината Старо Нагоричане ќе се прослави во сабота

По повод празникот, во сабота во 12 часот, ќе се одржи свечена седница на која традиционално ќе се додели највисокото општинско признание Ноемвриска награда. Оваа година ќе се доделат 5 награди во категориите: најдобар земјоделец, сточар, спортист, просветен работник и најуспешна фирма. Потоа ќе следи пригодна културно-уметничка програма.

Предходно, во 11.30 часот ќе биде пуштена во употреба новата свечена сала во Општина Старо Нагоричане.

За  Денот на општината, Старо Нагоричане ќе биде домаќин на гости од општествено-политичкиот живот во државата и регионот, како и збратимените градови и делегации од соседните земји и државата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk