Денот на сеќавање одбележан во Куманово

24.03.2011 13:20 | KumanovoNews

 Обединетата српска заедница во Македонија, Регионален добро Куманово денеска ја одбележаа 12 годишнината од НАТО бомбардирањето на Србија.

Денот на сеќавање одбележан во Куманово

 Поголем број на членови на здружението, претставници на политички партии и граѓани, запалија свеќи во црквата „Свети Тројца„, а беше одржана и пригодна беседа.

Секоја година се потсетуваме на ужасите од НАТО агресијата на српскиот народ и државата Србија, со желба таа никогаш повеќе да не се повтори.  Ние 12 години палиме свеќи за невините жртви и сите кои загинаа во оваа бесмислена демонстрација на сила и моќ врз недолжното население- рече Часлав Јовановиќ, претседател на ОСЗМ.  

Во бомбардирањето на НАТО во 1999 година  Србија загинаа околу 2000 луѓе, а неколкупати повоќе беа ранети.Државата претрпе големи инфраструктурни штети, а беа разурнати и многу  цивилни објекти од витално значење.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk