Денот на сестринството одбележан во училиштето „Наце Буѓони“

12.05.2021 10:44 | KumanovoNews

Учениците од здравствената струка во техничко училиште „Наце Буѓони“ во Куманово, денеска со повеќе активности го одбележаа 12 Мај - Ден на сестринството.

Денот на сестринството одбележан во училиштето „Наце Буѓони“

„Во училишниот двор, учениците од трета и четврта година изведуваа практични вежби и симулација на реанимација. На настанот ни се придружија и претставници и наши долгогодишни соработници од Центарот за дијализа „Диаверум“, Фросина Ефремовска и медицинска сестра Магдалена Величковска. Соработката со „Диаверум“ трае во текот на целата учебна година, при што учениците имаат можности да се запознаат со работата и работните задачи на медицинската сестра. Денеска беше одржано и предавање на тема Улогата на медицинската сестра во процесот на хемодијализа“, изјави Драган Јаневски, директор на СОТУ „Наце Буѓони“.

Во Техничкото училиште од 2003 година се воведени паралелки на здравствена струка- медицинска сестра.  Секоја година завршуваат околу 70 ученици и ова е едена од најбарине занимања и има голем интерес за упис на учениците.

 Меѓународната недела на сестринството се одбележува од 5 до 12 мај. Целта е да се истакне значењето на оваа хумана професија.

(С.Н.)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk