„Денови на балканска етно-ризница“ и „Шопска свадба“, викендов во Куманово и Кратово

28.09.2018 09:15 | KumanovoNews

„Денови на балканска етно-ризница“ и „Шопска свадба“, викендов ќе се одржат во Куманово и Кратово, во организација на Здружението за уметност, култура и заштита на културното наследство „Етно ризница“ од Куманово.

„Денови на балканска етно-ризница“ и „Шопска свадба“, викендов во Куманово и Кратово

 Вечерва во 19 часот на платото пред Центарот за култура, Куманово ќе се организира првиот дел од фестивалот „Денови на балканска етно-ризница“ со учество на ДМА „Срма“ и Здружението на пензионери, како и учество на ансамбл од Краков, Полска. Истовремено ќе биде промовиран документарниот етно филм „Камените кукли раскажуваат“ од авторот Анита Трајковска - Ѓорѓиоска, кое е реализиран со подршка на Музеј Куманово и „Етно-ризница“.   

Фестивалот кој ќе биде збогатен  со ревија на петнаесетина женски народни носии од Североисточниот регион.

Манифестација ќе продолжи утре на плоштадот во Кратово, а во недела на локалитетот Камени кукли, во кратовското село Куклица, по 4. пат ќе биде претставена „Шопска свадба“.

- Во недела во 11 часот ќе започене традиционалната „Шопска свадба“, на која ќе учествуваат реномираните пејачи: Благица Павловска, Влатко Алексовски, Аце Трифуновски, Душко Георгиевски, во придружба на оркестарот на нашата реномирана инструменталистка Бајса Арифовска. Целта на манифестацијата е да се продолжи традицијата и да се зачува културното наследство на Североисточниот регион, како дел од пошироката Шопска област, која се простира во централниот дел на Балканскиот полуостров, - вели Драган Митевски од здружението „Етно ризница“.

  Здружението за уметност, култура и заштита на културното наследство „Етно ризница“ работи на собирање изворни народни песни, а досега е издадено едно ЦД со изворни народни песни од североисточниот регион, а второто е во подготовка.

Се очекува масовна посетеност на манифестацијата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk