Денови на комедија по 19. пат во Куманово

23.09.2016 09:56 | KumanovoNews

Тринаесет театри од Македонија, Србија, Бугарија и Косово, ќе настапат на 19. Меѓународниот фестивал на комедијата, кој ќе се одржи од 1. до 15 октомври во Куманово.

Денови на комедија по 19. пат во Куманово

„Почетокот ќе го обележи, трета година по ред, Театар комедија од Скопје а завршуваме со „претстава-премиера во наша продукција. Две недели исполнети со смеа за публиката и верувам дека ќе успееме да се претставиме во најдобро светло. Мислам дека посетителите ќе бидат задоволни од годинешниов избор„, - вели директорот Сашо Костовски.

Деновите на комедија ќе ги отвори комедијата „Име“, во изведба на актерската екипа на Театар комедија од Скопје.  Втората вечер ќе се игра “Хамлет од Горно Дупени“ во режија на Кирил Петрески во изведба на Прилепскиот театар. „Границата на власта“ е комедија на Приштинскиот театар.Охриѓани ќе ја изведат „Парламентарки„ во режија на Ненад Витанов работена според аристофановата комедија „Жени во Народното собрание“, а струмичкиот театар „Народен пратеник“ по текст на Бранислав Нушиќ, а во режија на Владен Александров од Бугарија.  „Кокошка“ од Никола Кољада во режија на Маријан Ѓорѓиевски ќе ја игра актерската екипа на Битолскиот театар. Гостите од Белград Интермецо продукција ќе се претстават со „Сокин и Босина“. Штипскиот театар ќе ја прикаже преставата комедијата „Љубовен маратон” од Нил Сајмон, во режија на Никола Ристов. „Хот лајн“ во изведба на театар од Крагуевац ќе настапи на 12 октовмри, а наредниот ден и „Еден Џексон во повеќе„ во изведба на тетатарот од Габрово, Бугарија. „Вообразениот болен“ ќе се игра во Кумановскиот театар во изведба на „Трајко Прокопиев“ - албанска драма Куманово. Претставата „Комедија на грешки“ на Турскиот театар -Скопје е предпоследна, а фестивалот ќе го затворат домаќините со комедијата „Бегај еве ја жена ти 2„ на Кумановскиот театар.

Организатор на манифестацијата е Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев„, под покровителство на Министерството за култура.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk