Денови на комедија по 24-пат пред кумановската публика

27.09.2021 15:14 | Сузана Николиќ

Со претставата „Партија реми“ на Драмски театар Скопје, вечерва почнува традиционалниот 24-ти по ред Меѓународниот фестивал „Денови на комедија“, во организација на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Денови на комедија по 24-пат пред кумановската публика

Претставата е според текст на Доналд ли Кобурн, а во режија на Виолета Џолева. На сцената ќе играат Ѓокица Лукаревски и Маја Вељковиќ Пановска.

На фестивалот ќе гостуваат 9 претстави од Македонија, Србија, Хрватска, БиХ и Косово.

Во вторник на репертоар е претставата „Вообразен болен“ на домаќините Кумановскиот театар, во среда Штипскиот театар гостува со претставата „Пасивно пушење“ од Небојша Ромчевиќ, Театарот од Викновци со преставата „Boening Boening“ , Театар Струмица со претствата „Умри машки“, „Непријател на народот“ е претстава на Мултимедијален центар од Приштина, претставата „Идеална половина“ продукција Арлекин од Белград , претставата  „Женидба“, од Народно позориште Приштина и  „Лево, десно глумац“ Зијах Соколовиќ, БиХ.   

Оваа година актерката Стојна Костовска го доби признанието „Васил Иљоски“ за особен придонес во развојот на театарската уметност во земјата.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk