Денови на комедија со 14 претстави

28.09.2013 06:43 | KumanovoNews

 Од втори до 18 октомври во Куманово ќе се одржи меѓународниот театарски фестивал  „Денови на комедија Куманово 2013„.

Денови на комедија со 14 претстави

 На 16-тиот по ред празник на комедијата и смеата,  ќе бидат одиграни 14 претстави од актерски екипи од Македонија, Србија, Бугарија и Косово.

Прва на репертоарот, во среда е претставата “Солунски патрдии“ во режија на Коле Ангеловски, изведба на актерите од Драмски театар Скопје, а текстот е на Миле Попски.

Во четврток театарот “Бора Станковиќ“ од Врање, Србија ќе се претстави со комедијата “Солзите се ок“ во режија на Ана Радивојевиќ Здравковиќ. Текстот е на Марјана Бобиќ Мојсиловиќ.

Во петок Театар Комедија Скопје ќе ја игра претставата “Лет над кандидатското гнездо“ во режија на Андреј Цветановски, а работена според текст на Блаже Миневски.

Актерите од прилепскиот театар во сабота ќе ја изведат комедијата “Три варијации на една тема“ , текст и режија на Коле Ангеловски.

Со “Подземна комедија“ во недела ќе настапи струмичкиот театар “Антон Панов“. Режисер на претставата е Деан Дамјановски, а текстот е на Христо Бојчев.

Градскиот театар “Додона“ од Приштина, Косово на 7.10. ќе ја игра претставата “Каде... Што“. Режијата е на Елмазе Нура, а текстот го пишуваше заедно со Ментор Зумберај.

На 8.10 во вторник на репертоарот е Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ - албанска драма Куманово со комедијата “Што видел собарот“, работена по текст на Џо Ортон, а во режија на Кастриот Саќипи.

На 9 октомври велешкиот театар ќе ја изведе претставата “Ноќите во бел сатен“ работена по текст на Братислав Димитров, а во режија на Ненад Витанов.

Театарот “Фави“ од Белград, Србија ќе настапи на 12 октомври со комедијата “ Певај, брате 2“. Текстот е на Стеван Копривица, а режисер е Небојша Јаковљевиќ - Шоне.

На 14 октомври настапува штипскиот театар со претставата “Вистински лаги“. Работена по текстови за Баронот Минхаузен иделата на Станислав Стратиев, а во режија на Никола Ристов.

“Тартиф“ по текстот на Ж.Б.П Молиер, во режија на Сашо Миленковски ја подготви битолскиот театар. Тие ќе настапат на 15 октомври.

Театар “Бугарска армија“ и Драматичен театар “Јордан Јовков“ од Добрич. Бугарија ќе ја изведат на 16 октомври “Лалугер“. Текстот е на Александар Урумов, а режијата е на Јуриј Дачев.

На 17 ќе игра Драматично - куклен театар “Иван Радоев“ од градот Плевен, Бугарија. Тие ќе ја изведат “Последниот полов атлет“ работена според делото на Нил Сајмон, а во режија на Бојко Илиев.

На затварањето на фестивалот на 18 октомври ќе настапи кумановскиот театар со комедијата “Нажалена фамилија“. Текстот е на Бранислав Нушиќ, а режијата е на Драгана Милошевски Попова.

Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ сите претстави почнуваат во 20 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk