Денови на мед на Градскиот плоштад

25.09.2017 13:45 | KumanovoNews

На Градскиот плоштад во Куманово, во четврток и петок, по 17-пат ќе се одржи манифестацијата Денови на мед.

Денови на мед на Градскиот плоштад

Учество ќе земат десетина пчелари од Куманово и Старо Нагоричане.

„За разлика од предходните години кога саемот траеше три дена, оваа година ќе трае само два дена, поради малите количини мед. Ќе имаме и гости од страна„ - вели Милорад Арсовски, пчелар.

 Поради намаленото производство на мед оваа година зголемена е и цената на медот, па се движи од 350 до 400 денари.

 Манифестацијата ја организира здружението на пчелари „Пчела“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk